ТВ водителката на кулинарската емисија „Гответе со Дракче“, Драгица Стевковска започнува да ја снима третата сезона по пауза која беше приморана да ја направи поради здравствени причини.
Сега, по тој повод и новиот почеток, Дракче беше гостинка во утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“, каде ја раскажа својата приказна за се’ она што и се случуваше приватно изминатиот период.

„Дракче е научена да оди по еден трнлив пат кој се однесува на здравјето, но овој пат проблемот не беше здравствен во смисла на болест. Не стануваше збор за болест што го нападнала мојот организам. Се случи несреќа – паднав по скали. Мислев дека нема ништо сериозно, дека ќе помине, но по две недели се појавија првите симптоми – вртоглавици, повраќање – и кога направивме рендген снимка, ми кажаа дека итно морам на кардиологија, затоа што срцето само што не експлодирало,“ изјави Дракче за утринска програма „Здраво Македонијо“.
View this post on Instagram
Дракче морала да го санира срцето цели три месеци, а никој не знаел низ што поминува, бидејќи секојдневно доаѓала на работа, насмеана, снимајќи емисии, пречекувајќи гости и дружејќи се со колегите. Но потоа се случило да се открие друг проблем:
„Продолжи терапијата со инекции, коктели, масажи, со стотици алтернативни методи. Сè додека не се онесвестив овде, во самото студио. Кога направивме компјутерска снимка, се виде дека всушност шест месеци сум работела со скршено колено, другото напукнато. Кичмата во ужасна состојба – станав тежок пациент,“ ни раскажа Дракче.

Освен за поддршката од најблиските, а и сите оние кои постојано и праќале убави зборови, таа се осврна и на она непријатното кое го доживеала од душегрижниците кои знаеле да и направат непријатност пишувајќи и недолични пораки за кои кажа:
„Добив порака: ‘Колку ве плаќаат за да бидете болни?’ Тоа беше многу грозно. Имаше и други, како: ‘Добро што бевте на покајание на Божјиот гроб и добро што ве освести Господ. Вие толкувавте соништа, па затоа сте болни,’“ раскажа Дракче за коментарите што ги добила.
View this post on Instagram
Новата сезона на „Гответе со Дракче“ започнува на 17 ноември најави Дракче кај колегите од утринската програма од матичната телевизија каде се прикажува нејзината емисија.
фото/видео:Instagram printscreen/kanal5televizija and utrinska_zdravo_makedonijo



