Радио Милева со нови сили на стара позиција

Дракче повторно се огласи пред новиот почеток: „На тие што не сме им омилени нека гледаат друг канал“

Дракче повторно се огласи пред новиот почеток: „На тие што не сме им омилени нека гледаат друг канал“

ТВ водителката, нумеролог и домаќинка на кукинарска емисија, Драгица Стевковска – Дракче, деновиве се почесто е тема во медиумите, особено откако неодамна за утринската на Канал 5 ја раскажа својата  приказна за здравствените предизвици со кои се соочува.

Сепак, полека полека таа ја гледа светлината низ тунелот, па и почетокот на новата сезона „Гответе со Дракче“ која стартува денес, понеделнички(17. Ноември).

Дракче се онесвестила во студио: „Станав страшен пациент за докторите“

Прва гостинка која ќе ги покаже своите кулинарски вештини е пејачката Татјана Лазаревска која долета од далечниот и најмалиот континент – Австралија.

-Почитувани пријатели сите Вие кои со нетрпение ја очекувавте 3 сезона на ,,Гответе со Дракче започнува утрееее во 15.30 на Канал 5 ТВ…Прва гостинка во 3-тата  сезона е нашата прекрасна фолк дива Татјана Лазаревска или како што ски ја викаме Тања. Гледајте и уживајте со многу песна и забава(на тие што не сме им омилени нека гледаат друг канал) ВЕ САКАААААААМ НАРОДЕЕЕ, стои во Фејсбук објавата на Дракче која приложи и неколку фотографии со гостинката.

За потсетување, Драгица Стефковска Дракче се соочува со болест на коскениот систем која бара подолго лекување и неколку оперативни зафати, но со оптимизам, верба во Бога и чиста мисла, но и употност и желба да се биде „во игра“, Дракче се враќа назад пред камери.

фото:Facebook/Dragica Stevkovska Drakce

To top