Драган Којиќ Кеба смета дека врската на човекот со природата е исклучително важна, а фотографиите од пејачот како бакнува и гушка дрвја наиде на потсмев и осуда.
Фолкерот откри дека понекогаш му пречат коментарите, иако не им обрнува премногу внимание.
Соседите на Кеба, пак откриле дека пејачот гушка дрвја и мисли дека има посебни моќи, а Којиќ објасни за што всушност се работи.
– Моето хоби е се што е поврзано со природата. Трчам, гушкам дрво, потоа ја споделувам мојата поврзаност со природата на социјалните мрежи и потоа ги гледам коментарите. Непријатно се изненадив и се насмеав. Пишуваа „Види го, луд е“, „Користи спид“, „Се дрогира“…
Watch on TikTok
– Што може да биде подобро од поврзување со природата? Јас гушкам дрво, а вие ја гушкате најблиската личност, добро е што не ме сместија во ментална институција. Немам проблем со тие бесмислени коментари, не може да ми биде непријатно изненадување, но се грижам за најмладите кои се поврзуваат со природата, а фала богу ги има многу, нема потреба да ги доживуваат коментарите што ги добив. Апелирам до луѓето да стават прст на чело пред некому да му испратат болна порака“, вели Кеба.
фото: printscreen/instgaram