Лице в лице

Драган Б. Костиќ во „Ништо лично“: „Во Министерството за култура ми ги одбија сите понудени проекти… меѓудругото и со образложение дека сум немал доволно професионално искуство да правам вакви проекти“!? (ВИДЕО)

Драган Б. Костиќ во „Ништо лично“: „Во Министерството за култура ми ги одбија сите понудени проекти… меѓудругото и со образложение дека сум немал доволно професионално искуство да правам вакви проекти“!? (ВИДЕО)

Него нема  кој не го знаe, а неговиот глас го препознаваат речиси сите генерации. Македонската радиоводителска легенда, човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше  едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа и сега, кога е во пензија.

Од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“,  па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана, зашто за „Сто приказни за сто песни“.

Беше и остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи и видеа, човек кој целиот свој живот им го посвети на музиката и радиото, бардот на македонското радиоводителство, кој кон крајот на штотуку изминатата 2024-та година го одгра својот „Последен танц“… Оној – прошталниот по половина век естрадна радио кариера! Но неговата приказна тука не завршува…

На првата кривина зад аголот, ние први го сретнавме во новата 2025-та година и го поканивме на гости… За да го раскаже она најважното низ што минувал, што се’ доживеал и преживеал, што се’ искреирал и од себе дал, па го споделил со своите радиослушатели, читатели, публиката на клубските подиуми…

За тоа дека го држи рекордот како 22 години хонорарец  во Македонското радио, за трансферот од државното во приватното и назад, за ДЈ ските денови во легендарната скопска дискотека Турист, за најслушаните радиоемисии на сите времиња од кои според него подоцна произлегоа и К-15, за Бубо Каров, Ранко – Бубамара, Григор Копров, Роберт Саздов, Перо – Камиказа, Евровизија,  за сите остварени и неостварен проекти, за немањето слух на бирократите во институциите на системот и нивните небулозни изговори дека и по 50 години радиска кариера наводно не е доволно стручен да конкурира со такви проекти, за семејната традиција и наследниците, за игнорирањето дома и наградите и признанијата добиени однадвор од најреномираните британски институции…

И за уште многу други знаени и незнаени нешта отворено зборуваше  македонската  радиоводителска и ДЈ-ска легенда Драган Б. Костиќ пред микрофонот и камерите во поткастот со Антонио Димитриевски.

Како и обично, на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“  чија премиера оди секоја СРЕДА,  во 20 часот на  YouTube каналот на  КурирМК (

 

 

 

To top