Радио Милева за малку жежок стриптиз

Досега на настапи пееше само по градник, а отсега и без гаќички: Антониа Гиговска за малку ќе останеше „пиштол гола“ на сцената (ФОТО)

Досега на настапи пееше само по градник, а отсега и без гаќички: Антониа Гиговска за малку ќе останеше „пиштол гола“ на сцената (ФОТО)

Откако по паузата заради мајчинството, Антониа Гиговска  се врати на сцената и одново застана пред публика, нејзината набиета агенда со настапи непрекинато трае.  За да ја залепи љубопитноста на публиката за себе,  пејачката она што отсекогаш одело во пакет со успехот на естрадата, успешно го сервира заедно со „најдоброто од себе“ во понудата.

Најдоброто покрај она што може да се слушне – песната, секако е она што може да се види на пејачката, а Антониа и тоа како има што да понуди. Видно ослабена по порудувањето  сиот свој телесен раскош и стилизирана еротика умешно знае да ја протне под плаштот на дискретната голотија, како најдобрата формула она што го нудиш од себе, покрај начулените уши,  твојата публика, особено онаа машката, да го „пие и со ширум ококорени очи“.

А, Гиговска очигледно ништо не ја кочи да биде естрадна дама без комплекс, која со секоја своја нова појава предизвикува „еротски земјотрес“. Така беше досега, ама отсега…

И ако досега  по долна облека снимаше спотови, а само по градник пееше на настапи,  отсега пејачката реши на настап да се појави без гаќички! А што да прави „кутрата“ кога таква е модата…?

Кога моделот на фармерки што го одбрала такво нешто не и дозволува, зашто онака распарани по шавови отстрана, единствено што им прилега е да бидат исшнирани со тенка врвка. А врвка како врвка, држи додека држи, ама знае и да попушти.

И не е страшно ако тоа се случи додека позираш на фотосесија или на снимање на некоја емисија, туку многу понезгодно е ако те изненади среде настап.

Токму  тоа и се случи на Антониа која за малку ќе останеше гола на сцената, откако среде настапот во еден ноќен клуб на кој ги носеше „модерните фармерки“ под кои „не одат“ гаќички за ваква прилика, за малку што не и приреди „жежок стриптиз“ на нејзината публика!

Имено, додека пејачката на сцената пеела и танцувала, врвката на модерниот тексас модел и се скинала, па Антониа за малку што не останала „пиштол гола“.

Незгодата и ја прераскажала на публиката, а малерозниот момент го овековечила на своите Инстаграм приказни.

Како поука дека кога врвката не е доволна цврста, фармерките сами паѓаат, фрлајќи ја машката публика во еротска кома… Откако гаќичките „намерно ќе ги заборавиш“ дома!

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

 

 

To top