Мегафон на 7 февруари во МОБ

„Дон Џовани“ се враќа на сцената

„Дон Џовани“ се враќа на сцената

По подолга пауза, едно од најзначајните дела на Моцарт, ќе се изведе на големата сцена на Македонската опера и балет (МОБ) – на 7 февруари со почеток во 19:30 часот, соопштија денеска од установата.

-Постојат оперски наслови што се дел од репертоарот. И постојат дела што го дефинираат самиот поим опера. „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт припаѓа токму во втората група. Оваа опера не е само музичка класика, туку интелигентна, драматична и длабоко човечка приказна за изборот, моќта и последиците. Опера што истовремено фасцинира, вознемирува и инспирира, без да нуди лесни одговори, наведоа во соопштението од НОБ.

Од установата повикаа да се резервира билет навреме преку интернет или на билетарница.

фото:Национална опера и балет

To top