Радио Милева нервозна

Доби шест „Паник тастери“:  Уште една Македонка се проба како пејачка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Доби шест „Паник тастери“:  Уште една Македонка се проба како пејачка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ , оваа сезона очигледно за македонските пејачи  тргна разочарувачки.

Изведбите на македонските кандидати  за членовите на жирито не беа доволни за победа туку напротив за дури шест паник тастери.

Овој пат тоа беше  Емилија Цветковска  која се побуни кога беше елиминирана од „Ѕвездите“, па кажа дека никогаш повеќе нема да помисли да се натпреварува во овој музички проект.

Пејачката, беше целосно изненадена и шокирана бидејќи учеството го заврши со шест копчиња за паника.

Емилија си го отвори срцето откако испадна од  Гранд па во иднина не би се пријавила.

– Во шок сум бидејќи не го очекував ова. Завршив музичко училиште, работев со најголемите музичари и никој, никој не ми го кажа тоа што го слушнав денес. Но, тоа не е важно бидејќи имам албум во Македонија. Сите пееме  на фестивали. Имам свирки и концерти, имам и нов албум со најдобриот продуцент. Ова за мене беше како промоција. Очекував да поминам најмалку два-три круга. Да видам како е, да се дружиме – вели  Емилија.

Така, Емилија,  не го криеше разочарувањето и рече дека публиката повеќе нема да ја види во ова шоу.

Инаку, пејачката избра две  нумери, „Дај не питај“ и „Умени јесен је“. Таа не успеа да ја заврши втората песна, бидејќи матрицата беше прекината откако членовите на жирито решија да го притиснат копчето за паника.

фото: printscreen/podrska_takmicarima/Zvezde Granda – Cela Emisija 09/YouTube

To top