ОВЕН
Обидете се да ги разладите страстите денеска. Вашите желби ќе бидат силни, но воопшто не е сигурно дека она што го сакате на крајот ќе биде добро за вас. Доколку вашиот однос со некоја личност е нарушен, можеби ќе се чувствувате подобро со тоа што ќе се дистанцирате од ситуацијата и ќе се обидете да ја погледнете отстрана.
БИК
Денеска ќе минете пријатно време во друштво на најблиските и семејството. Некои од вас може да се чувствуваат разочарани од однесувањето на пријател, затоа што направиле премногу компромиси или затоа што суделе врз основа на ниговиот надворешниот изглед и однесување, а не според неговите квалитети
БЛИЗНАЦИ
Денеска многумина од вас ќе се препуштат на романтични соништа, но ако објектот на вашите чувства не е на иста бранова должина со вас и нема шанси врската да стане сериозна, подобро е да се откажете. Дури и ако не сте задоволни, обидете се да ја погледнете ситуацијата пофилозофски – ако работите не функционираат, тогаш личноста не е за вас.
РАК
Денеска не ја отфрлајте идејата да направите нешто интересно со сосема непознат човек, само затоа што непознатото ве плаши. Искуството ќе ви донесе разноличност и ќе ве исполни со позитивни емоции. Денеска ќе уживате во поголема блискост и споделувања.
ЛАВ
Денеска концентрирајте се на работите кои ви се важни. Оставете ги другите да прават што сакаат, а вие ќе го добиете потребното задоволство. Спортот, третманите за убавина и игрите со децата ќе ви помогнат. Одличен ден за креативност.
ДЕВИЦА
Грижете се за себе денеска и не се преоптоварувајте со ништо, особено ако во последно време сте имале повеќе грижи или сте се преоптоварувале. Опуштете се и пронајдете начин да ги правите работите во кои уживате. Сево ова ќе има добар ефект и на вашето тело и на умот.
ВАГА
Денеска заборавете на грижите и проблемите и оставете го вашиот ум да се одмори. Во моментов, вашето тело е доста подложно на вируси и стрес, па направете нешто за да го зајакнете вашиот имунитет. Вежбајте, јадете здрава храна и размислувајте позитивно.
ШКОРПИЈА
Денот е одличен ден за љубов и романса. Ќе бидете поискрени во чувствата и ќе имате желба за блискост. Сепак, внимавајте да не го изгубите здравиот разум, бидејќи некои од вас може да станат жртви на сопствените страсти и да бидат заведени од погрешна личност.
СТРЕЛЕЦ
Денеска критикувањето на вашите блиски нема да биде од полза ниту за нив, ниту за вашите односи. Напротив, на овој начин ќе го натерате другиот да се повлече во себе или, пак, да почне да ве напаѓа. Покажете повеќе разбирање и ќе имате шанса да разберете што се случува.
ЈАРЕЦ
Денеска бидете повнимателни во односите со блиските, бидејќи може да се појават непредвидени ситуации кои ќе ви ги нарушат плановите. Ако сакате сè да оди без проблеми, останете дома, но и тогаш не е сигурно дека ќе избегнете непријатни изненадувања. Денеска може да бидете изненадени од самите себе бидејќи ќе реагирате нетипично.
ВОДОЛИЈА
Денеска вашата комуникација со другите ќе тече непречено и полесно ќе се разбирате со нив отколку претходните денови. Сега е време да разговарате за важните прашања што досега ги одложувавте. Шансите се на ваша страна и можете успешно да го направите тоа.
РИБИ
Денеска е одличен ден за вашиот социјален и љубовен живот, во двете области можете да очекувате пријатни искуства. Сепак, не треба да ги споделувате сите ваши желби и копнежи со вашите најблиски, а подобро би било во оваа фаза да ги чувате во тајност само за себе. Следете ја максимата: „среќата ја сака тишината“.
Foto: FreePick
Извор: Netpres