Живот и стил

Дневен хороскоп: Недела 17-ти Март 2024 година

Дневен хороскоп: Недела 17-ти Март 2024 година

ОВЕН
Пазете се од непредвидени судири на мислења со вашите колеги. Склучувањето познанства не е погодно за вас, може да ве исфрли од колосек. Не е исклучено да ви пропаднат професионалните планови. Тешкотиите се предизвикани и од вашата преголема самодоверба и вашата навика да се опседнувате со луѓето околу вас. Направете правилна проценка на вашето однесување.

БИК
Полезно е да се борите против вашата себичност и вашите материјални аспирации. Никој не е виновен за тешкотиите на вашиот пат, освен самите вие. Справете се со нив самите. Престанете да барате споредни причини за да се оправдате. Само запомнете дека во вашата желба да бидете перфекционист, и вие често правите грешки.

БЛИЗНАЦИ
Подложени сте на промени поради желбата да докажете дека сте подготвени за вашите нови должности. Вооружете се со трпение и не им се спротивставувајте на луѓето околу вас. Не покажувајте агресија и не се наметнувајте. Причината поради која сте незадоволни од постигнатото и од самите себесо е тоа што не успеавте да му преземете на колегата задача, која носи добар профит, бидејќи подбро би сте се справиле со неа.

РАК
Трпението и коректниот однос кон сите се отскочна даска за вашите нови успеси. Не започнувајте ништо ново. Размислете внимателно за вашите планови за денеска. Тоа ви е доволно. Деловните разговори се успешни, но запомнете дека не треба да потпишувате документи со нејасна содржина. Оставете ги кредитните или партнерски договори за следните неколку дена за да бидете сигурни дека ви се потребни.

ЛАВ
Напнатоста е огромна. Вашите напори се осудени на неуспех поради луѓето со кои сте решиле да работите. Повеќето задолженија ќе ви одземат поголем дел од денот. Исполнете се со трпение. Не се обвинувајте себеси за погрешното проценување на сопствените сили. Ги имате, но не сте подготвени да ја насочите енергијата кон зацртаната цел. Не избрзувајте и размислете добро каква помош сакате.

ДЕВИЦА
Уверени сте во своите способности и ќе успеете во сите активности, завршувајќи ги до крајот на денот. Не правете нов почеток. Размислете за опциите за стабилизирање на вашата финансиска состојба. Планирајте ги вашите задачи за следната седмица. Колегите се фрустрирани од вашата неподготвеност да им верувате.

ВАГА
Денот е успешен за вас. Анализирајте го однесувањето на другите и ако не е она што го очекувате, размислете дали тоа не сте го предизвикале со своите постапки. Вашето мислење и идеи ќе бидат слушнати од колегите. Единствените проблеми ги предизвикува утринската расправија со вашите деца, која ве спречува да работите активно, бидејќи постојано размислувате за нив.

ШКОРПИЈА
Не подлегнувајте на искушенијата поврзани со ризични постапки. Охрабрени сте од вашите пријатели. Тие добро знаат дека ако започнете нешто, секогаш го завршувате и наоѓате необични решенија за проблемите. Вашата емоција е повеќе од прифатлива и ќе влијае на вашата работа и вашите односи.

СТРЕЛЕЦ
Повторно сте под влијание на моќта на емоциите, а вашата пречувствителност пречи на реалната проценка на она што се случува денеска. Работата со која сте се зафатиле бара многу труд за да се справите со проблемите што се појавуваат. Не е исклучена поддршката од луѓе од кои тоа воопшто не го очекувате. Не ја одбивајте.

ЈАРЕЦ
Причината поради која сте под стрес е поради незавршените задачи кои сте ги запоставиле поради други обврски. Денеска е добар ден да ги завршите и да размислите за вашите идни планови. Зафатите не се успешни ако не сте завршиле сè што е заостанато. Не размислувајте за промени за да избегате од одговорноста и не губете успешен ден.

ВОДОЛИЈА
Очекувајте напорен ден. Не сте ослободени од деловни разговори и консултации со колегите и претпоставените. Тие ќе бидат успешни и плодни ако останете смирени и не го покажете вашето лошо расположение. Не ја демонстрирајте својата независност и вашите амбиции. Бидете внимателни со зборовите и не бидете тврдоглави кога го кажувате вашето мислење.

РИБИ
Расправијата со колега ве депримира, но ви е дозволено да се откажете од обврските. За да ги разјасните вашите чувства, излезете надвор од вашата канцеларија. Ќе ги исчистите мислите и ќе сфатите што да промените. Бидете одговорни за вашите должности. На работа, очекувајте да запознаете нови деловни партнери кои ќе ви бидат полезни во месеците што следат.

извор:netpres.kom.mk

To top