Џони Деп на едно случување од црвен килим ги изненади сите кога се насмевна и ги покажа своите жолти и запуштени заби, ама ситуацијата сега се променила.
Актерот сега бил снимен на одмор на Бахамите и изгледал целосно опуштено и расположено.
View this post on Instagram
Тој се ракувал со обожавателите во едно кафуле, па дури и застанал зад шанкот и му помогнал на келнерот да му подготви пијалак.
Деп на видеото се насмевнал неколку пати, а фановите во коментарите забележале дека 61-годишниот актер ги поправил забите.
„Мислам дека неговите заби изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно му се прави и бели“, „Дефинитивно ги средил забите. Изгледа подобро од кога било досега“, се нижеле коментари.
За потсетување, познатиот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, што го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот „Premiere“.
„Имам многу кариес. Имав коренски канал пред 8 години и не е довршен. Тоа е како мало расипано парче. Горд сум на своите заби“, рекол тогаш Деп.
Тој исто така објасни дека не сака луѓе со чисти бели заби и додал и дека покрај лошите заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.
фото:You Tube printscreen