Радио Милева можна романса

Џастин Трудо фотографиран на концерт на Кети Пери само неколку дена откако излегоа заедно

Џастин Трудо фотографиран на концерт на Кети Пери само неколку дена откако излегоа заедно

Американската пејачка Кејти Пери изгледа има нов обожавател – поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Двајцата повторно ги разгореа гласините за романса откако Трудо беше забележан на нејзиниот концерт само неколку дена откако вечераа заедно.

Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо беше фатен на концерт на  Кејти Пери само неколку дена откако беа фотографирани на заедничка вечера.


Различни објави што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Џастин како го гледа концертот на Кејти на 30 јули во Монтреал, со неговата 16-годишна ќерка Ела-Грејс покрај него.

Поранешниот канадски премиер изгледаше апсолутно воодушевен во неколку наврати додека ја гледаше Пери како ги пее своите хитови на сцената.

Една од снимките споделени на Твитер, исто така, го покажува Трудо како се смее додека ја гледа Пери како настапува на сцената, па дури и си пее неколку зборови од нејзината песна „Dark Horse“.

Ова доаѓа само неколку дена откако пејачката, која неодамна се раздели од Орландо Блум, и Џастин беа фотографирани како вечераат заедно во Монтреал во градскиот ресторан Le Violon, предизвикувајќи реакции на социјалните мрежи.

Според странските медиуми, Пери и Трудо седеле еден спроти друг на маса покрај прозорецот, каде што уживале во коктели и разни јадења во опуштена атмосфера. За време на вечерата, наводно, готвачот на ресторанот им се приближил за да ги поздрави, а подоцна тие лично им се заблагодариле на персоналот во кујната за одличната храна и услуга. Иако сè уште не е познато дали средбата била чисто пријателска по природа или нешто повеќе, фактот дека се случила кратко по раскинувањето на Пери и Блум дополнително ги разгоре шпекулациите за можна романса.

Foto: printscreen/X/Instgaram/katyperry

To top