Радио Милева естрадна матура...

Децата на нашите познати музички имиња славеа матура, а една млада позната македонска пејачка е и самата матурантка! (ФОТО)

Децата на нашите познати музички имиња славеа матура, а една млада позната македонска пејачка е и самата матурантка! (ФОТО)

На сите ни е познато дека тинајџерските години се најубавите, а перидот на созревање нај бурниот и најтурболентниот. Но средношколските денови се исто така она време, она доба од животот кое ќе се памети засекогаш. Тогаш се оформува личноста, се стекнуваат знаења, навики, се раѓаат големите другарства, првите љубови…

Матурата пак е своевидна круна и на знаењето, а нејзината прослава „крунисување на тинејџерското царство“ на дотогашнитесредношколски принцови и принцези. Еден од од оние незаборавни чинови, кои се паметат за цел живот… Среќни, весели, полни со емоции и спомени, но и помалку со тага што завршува една ера на заедништво, дружење, се растура едно големо „средношколско семејство“, за секој да тргне на своја страна, да го продолжи својот животен пат на развој.

Последниве години прославата на матурата до душа наместо чин на скромност и заокружување на искреното дружење,  стана натпревар во убавина за матурантите и престиж во луксузот на нивните родители, но тоа е приказна за друга тема, за она другата, понеубава страна на матурската прослава.

Матуранти меѓу останатите годинава кај нас беа и децата на некои од оние кои неретко матурантите ги забавувале или се’ уште тоа го прават, зашто таква им е професијата на естрадните уметници. Но годинава на поединци, токму нивните ученици дојде ред да прославуваат, а тие да ги испратат на „возвишениот чин што цел живот се памети“.

Така Марија, помалата ќерка на познатата естрадно-спортска брачна двојка, Маја Гроздановска – Панчева и Дарко Панчев, израсна во голема девојка која стана полнолетна, стигна до матура и е на прагот на една нова животна етапа.

„Среќна матура мајкина, да си ни жива и здрава“ – сподели пејачката во матурската честитка до својата ќерка на својот Фејсбук профил.

Матура славеше и Лара, ќерката на нашиот регионално познат композитор и музички продуцент, Дарко Димитров.

Иако ретко споделува семејни фотографии и слики од приватниот живот, овој пат гордиот татко не можеше да ја сокрие радоста за да не се фотографира со својата матурантка.

И сам со неа, но и сите заедно, матурантката со останатите членови на нивното семејство.

А, матурата стигнаа да им ја честитаат и со нив да се фотографираат и блиските соработници, колеги, но и семејни пријатели, како новата љубовна двојка, Роберт Билбилов и Лејла Рамковска, на пример.

Деновиве уште едно познато наше музичко име,  Александар Митевски имаше причина за семејно матурско славење. 45-годишниот пејач, композитор и музички продуцент е татко на две ќерки, постарата Ања и помалата Мања. Токму таа, деновиве стана матурант и замина на својата матурска прослава, а нејзиниот горд и среќен татко го овековечи и сподели радосниот момент со фотографија и посвета: „Среќна матура на мојата убавица Мања“.

Една само тие двајцата и уште една заедно со неговиот музички компањон, актерот  Драган Спасов Дац, кој покрај фотографијата напишал: “Мања, помалата ќерка на Александар вечерва слави матура. Да ја прати среќа во животот“.

И додека споменатите познати естрадни лица не споделуваа многу детали околу матурските прослави на нивните деца, една матурантка меѓу познатите од естрадата беше единствена. Меѓу другото и по тоа што,  младата, позната македонска пејачка е и самата матурантка.

Имено, Марија Спасовска не само што во матурскиот аутфит блескаше како принцеза, туку и самата запеа на својата матурска фешта!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/dac.aleksandar/Maja Grozdanovska Pancheva/marija.spasovska/

 

 

 

 

To top