Контроверзниот изведувач Драгомир Деспиќ Десингерица имал мала расправија со сопругата Невена.
Деспиќ направил хаос во маркет, кога фрлал работи кон сопругата, по што таа го удрила. Сето тоа се случило поради несогласување околу купувањето.
Раперот Десингерица на видеото кое го сподели на социјалните мрежи од расправијата се гледа како револтирано замавнува со раката со производот на Невена, кој паѓа на подот, за што таа не му останала должна.
Кога храната паѓала, таа бесно го удрила по главата, поради што тој залелекал па почнал да се смее.
View this post on Instagram
Познато е дека Десингерица често знае да инсценира вакви сцени, се со цел забава и шеги, со кои многумина поради спонтаноста и природноста не можат да сфатат дали се работи за реална ситуација или едноставно се задеваат и шегуваат.
Сега по сцената од маркетот сподели видео од автомобилот.
Раперот ги фотографирал своите нови патики од кои е видно воодушевен и рекол:
– За среќен развод. Среќен развод со поранешната сопруга Невена – рекол додека снимала кутија со патики, а многумина ова го сфатиле како шега.
фото: printscreen/instgaram/nenaneniii𝐍𝐄𝐍𝐀/ТикТок