Драган Лазиќ, братот на пејачот Дарко Лазиќ, ќе биде погребан денес во 14 часот на гробиштата во Брестач.
Драган трагично го загуби животот на 32-годишна возраст во сообраќајна несреќа недалеку од Шабац.
Неопислива тага го зафати целото место и семејството кое го загуби млад човек, кој исто како и неговиот брат, се занимаваше со пеење.

Синоќа, бел ковчег со телото на жртвата Драган беше доставен во семејната куќа во Брестач. Тагата и стресот беа преголеми, поради што екипата за итни случаи, која дежураше пред куќата, мораше итно да интервенира и да му пружи медицинска помош на семејството.
Дарко Лазиќ, целосно совладан од болка и видливо надвор од себе, едвај можеше да стои на нозе. Со поддршка на сопругата Катарина, пријателите и колегите, пејачот низ солзи се прости од својот сакан брат.
Во овие најтешки моменти од неговиот живот, пејачот беше поддржан и од неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ, со која има син Алексеј. Таа самата се расплака од болка и плачеше додека ги прегрнуваше Дарко и неговата сопруга Каќа, бидејќи беше исклучително блиска со покојниот Драган.

Особено морничав детаљ е фактот дека Драган го загуби животот веднаш до мала црква, посветена на Светиот владика Николај Српски, на дел од патот што кај мештаните е познат како опасна „црна точка“, како што велат, опседната, поради лошо осветлување и брзо возење.
Првите детали од истрагата утврдија дека возачот на „Цитроенот“ не бил под дејство на алкохол во времето на несреќата и дека Драган имал дозвола само за управување со мотори до 50 кубика, додека во времето на несреќата управувал со моќна машина од 1000 кубника.

Трагично настраданиот Драган ја остави зад себе својата неутешна сопруга Ивана, со која имаше две деца, скршена мајка, својот брат Дарко и многу пријатели.
Денес, Брестач е тивко завиен во црно, бидејќи како што вели пејачот Пеѓа Вујиќ, кој беше кум на покојниот Дарко: „Улицата, Брестач, општината не плачат – дел од Срем, колегите, браќата, пријателите плачат…“
фото:instagram printscreen/lazic.n.n/darkolazicofficial







