Ден откако основачот и креативен директор на Гранд, Саша Поповиќ беше погребан во присуство на семејството, пријателите и соработниците, неговата ќерка Александра Поповиќ наполни 26 години.
Со оглед на тоа дека семејството го загуби својот столб и најголемата поддршка, роденденот на Александра оваа година е обоен со неизмерна тага.
Александра Поповиќ, која не тргна по стапките на своите родители, туку се посвети на светот на козметиката, отсекогаш била особено приврзана за својот татко.
Саша Поповиќ еднаш изјави дека раѓањето на неговата ќерка е најсреќниот момент во неговиот живот.
– Тоа не може да се споредува. Јас прв ја држев во раце. Бев среќен кога се венчавме со Сузана, кога таа рече „да“, но ништо не може да се спореди со доаѓањето на Александра на светот – изјави Поповиќ за Гранд.
За потсетување, Александар Саша Поповиќ почина на 1 март во Париз, каде се бореше со тешка болест. Пет дена подоцна, семејството, пријателите и соработниците го придружуваа на вечниот одмор на Новобежаниските гробишта во Белград.
фото: printscreen/instagram