Македонската водителка Милена Антовска Станковска вчера го прослави роденденот.
Милена по тој повод ја наполни кратката приказна на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна и со следбениците ги сподели најубавите моменти од нејзиниот посебен ден.
Бидејќи беше работен ден таа најпрво прати поздрав од студиото и откри дека денес навистина блеска во секоја смисла:
„ Кога некој слави роденден, најчесто се вика имај убав ден да блескаш итн. Епа еве денеска јас за мојот роденден блескам“
Потоа, ги дувна и роденденските свеќички на тортата пред нејзините колеги па со убаво го започна денот.
Но, најубавото изненадување ја пречека дома.
Имено нејзината постара ќерка Лана Марија која има 6 ипол години со вредните прстиња и изработила личен подарок, убав букет цвеќиња во кошничка од пластелин.
Милена била воодушевена па со задоволство подарокот го покажа и пред нејзините обожаватели.
фото: printscreen/instgaram/milena_antovska