Дали одржувањето на митот за Дедо Мраз е невина празнична игра или свесна измама што ја нарушува довербата меѓу родителите и децата? Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни.
Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и послушни деца.
Години наназад родителите ја имаат истата дилема: дали да им ја кажат вистината или да го одржуваат митот сè додека децата самите не ја откријат. Од една страна децата се учат дека лажењето е погрешно, а од друга возрасните им ја раскажуваат оваа празнична лага“.
Психолошките истражувања покажуваат дека, научно гледано, станува збор за свесно доведување во заблуда. Сепак, голем дел од возрасните го доживуваат митот како безопасна традиција што ја збогатува празничната атмосфера.
извор:kurir.mk
фото:Freepik







