Пејачот Дарко Мартиновиќ кој е родум од Цетиње за српски Телеграф се огласи по веста дека е во крвно сродство со убиените близнаци Марко и Милош. Тој ја потврди веста и откри дека неговиот вујко и тетка исто така се убиени во масакрот.
„Бев дома, решив првпат да не работам за најлудата ноќ, туку да бидам со брат ми и семејството. Синоќа требаше да излеземе во град. Сепак, добивме страшни вести и веднаш се јавивме кај роднините и пријателите да дознаат нешто, знаете, во таа ситуација сите се изгубија. Тогаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и тетка, како и нашите братучеди. Еден од убиените браќа има ќерка, а се надеваме дека снаата, која е ранета и е во критична состојба, ќе се спаси“, вели очајниот Мартиновиќ.
Фото: Инстаграм/darko_martinovic_official