Радио Милева татко за пример

Дарко Илиевски не (сакаше да) ја обзнани својата, ама затоа јавно откри која е првата вистинска љубов на една девојка (ФОТО)

Дарко Илиевски не (сакаше да) ја обзнани својата, ама затоа јавно откри која е првата вистинска љубов на една девојка (ФОТО)

Некогаш многу популарниот македонски поп пејач Дарко Илиевски пред околу седум години се пресели во Америка, се ожени и тогаш за прв пат стана татко, откако во октомври 2019 година со сопругата Ивана се остварија како родители и го добија синчето Матео Ноа.

Откако малиот наследник наполни четири и пол години, мама и тато во договор со „штркот кој му ја донесе“, му подарија сестричка. Уште пред малечката принцеза да дојде на свет, пејачот ја обзнани возбудливата вест:

„Возбудливи вести! Возбудени сме што можеме да споделиме дека наскоро очекуваме скапоцено девојче. Нашите срца се полни и едвај чекаме да ја пречекаме во нашите животи со љубов и радост“ – сподели тогаш Илиевски на Инстаграм откако го направија и познатиот американски адет – „Бебешиот туш“ .

Набргу потоа, на почетокот на месец април 2024, Дарко ја сподели својата радосна вест и бескрајна среќа дека тој и неговата сопруга добиле принова.

„Среќата го достигна својот максимум! Ми се роди ќерка!  Ана Ирена Илиевска ни дојде на светот!“ – сподели тогапш на социјалните мрежи гордиот татко,  а Славе Келешовски, легендарниот пионер на македонското ДЈ-ство, кој е татко на сопругата на Дарко,  по петти пат стана дедо!

Дека Дарко и Ивана се во голема љубов, а нивните две дечиња се производ на истата нема никакво сомневање. Ама дека има една љубов која е уште поголема, а тоа е првата љубов, покажа ревносниот и татко, кој како посветен родител достојно ја замени својата сакана, односно мајката на малечката Ана Ирена.

Имено, во отсуство на својата сопруга, Дарко во својот скут ја хранеше на шишенце со цуцла својата малечка убавица. При тоа низ глава му пројде токму онаа љубовна мисла, за тоа кој кому му е прва љубов…  Дарко Илиевски не (смееше да) ја обзнани својата, ама затоа јавно откри која е првата љубов на една девојка – во случајов неговата.

„Првата вистинска љубов на една девојка е нејзиниот татко“ – гордо и самоуверено споделил Дарко. 

Мажите, односно татковците на женски чеда секако ќе се согласат, жените, односно мајките, можеби и да, ама најверојатно нема. Впрочем што е тоа важно, ако љубовта е вткаена во едно семејство, како што очигледно е во случајот на семејството Илиевски.

Доказ дека е тоа така е преписката и репликата помеѓу двајцата вљубени родители на малечката Ана Ирена, во контекст на споделената фотографија на која пејачот во отсуство на мајката ја храни нивната само 40 и кусур дена стара ќеркичка.

„Татина ќерка“ – напишала мајката како одговор на фотографијата.

„Те сакаме мама“ – возвратил пејачот.

„Ве сакам и јас до месечината и назад, 500 милионски милијарди“ – му реплицираше на дарко Илиевски неговата убава сопруга Ивана.

 

Фото: Инстаграм и Фејсбук/ilievskidarko

 

 

 

To top