Неодамна започна да се прикажува 11-тата сезона на популарното шоу за готвење „Брза кујна“ на ТВ Сител, а на стартни позиции застанаа двајцата шефови Боби и Никола и секако водиттелката Сања.
Сепак, набрзо по неколу епизоди, гледачите беа изненадени од промената, односно замената на нов шеф Зоки кој дојде на местото на Бобан Симоновски.

„Каде е шеф Боби, зарем и тој избега како Марк?“, „Не добив одговор за шеф Боби“, „Зошто има нов шеф?“, гласат само мал дел од коментарите на фановите на шоуто кои редовно коментираат под објавите на „Брза кујна“ на Фејсбук страницата.

Сепак, одговор од администратовите на страницата не се појави, се додека денес на Инстаграм профилот на водителката и домаќинка Сања Савеска осамна неочекувана објава, а наедно и одговор на често поставените прашања – шеф Боби се враќа.

Дополнителни објаснувања од типот на тоа каде бил и зошто го немаше се уште не се појавиле, но едно е сигурно, „стариот“ шеф се враќа на позиција, а за се’ оставато веруваме гледачите на „Брза кујна“ ќе дознаат наскоро во некоја од новите епизоди.
фото:Facebook/ Брза кујна



