Радио Милева карикатура

„Да не фаќаме прашина“: Димитар Атанасовски ја „поткачи“ Сара Мејс и се насмеа за она што го направила (фото)

„Да не фаќаме прашина“: Димитар Атанасовски ја „поткачи“ Сара Мејс и се насмеа за она што го направила (фото)

Поп пејачка и харфистка Сара Мејс се восхити од подарокот што го доби, па не додржа туку веднаш го сподели со своите следбеници на  Инстаграм.

Таа премногу се воодушевила од изненадувањето, па без да ја отпакува набрзина ја фотографирала семејната карикатура која пристигнала на нивната адреса и истата ќе го  краси еден од ѕидовите во нивниот дом.

Но, затоа пак, одвои повеќе време и состави порака за да се заблагодари:

„Немам зборови со кои би можела да го опишам одушевувањево. Фала на овој прекрасен подарок. Ептен се заљубив во карикатурава! Не можев да додржам да ја одвиткам и ја сликав неодвиткана. Следно сликче од директ на ѕид“  – напиша таа.

Подоцна објавата ја виде и нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски, кој веднаш ја „поткачи“ Сара со коментар за неотпакуваната карикатурата.

„Жената уште не чува како даљинско во целофан, за да не фаќаме прашина“  – претпоставил тој, веројатно откако се зачудил зошто не ја отпакувала карикатурата за поубаво да ја види.

Но затоа тој, без целофан чисто и јасно во мобилниот ја имаше неговата лична карикатура како „капетан на брод“ и веднаш  ја сподели на кратките приказни на споменатата мрежа.

А дали Сара ќе ја чува така завиткана или ќе реши  да ја  отпакува семејната карикатура има време да расмисли сѐ додека не  ја закачат.

Фото: printskrin/instagram/sarahmace__

To top