Илина Арсова, македонската сликарка, алпинистка, писателка, која одлучи да живее во Америка и каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, овој пат се пофали дека остварила уште една нејзина цел.
Арсова на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна често споделува моменти од планинарските успеси и соништата кои ги следи.
За Илина граници не постојат, а тоа го покажа и сега откако се пофали дека ја одбранила и докторската дисертација над која вредно работела.
– Драги пријатели, роднини и колеги. Чест ми е да споделам дека на 25 Март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација од областа на општествените науки и спорт. Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.
Неизмерно ви благодарам на сите што постојано ме храбрите и поддржувате во овој долг, изолиран и сопствено рефлексивен процес на учење и надградување.
… Наскоро повеќе детали.. чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите. Она што е неопходно за нашата мила Македонија (со болка во срцето по 16.03). Ве сака Илина – напиша таа во објавата.
View this post on Instagram
Под нејзината објава се нижеа убавите честитки каде од срце и честитаа за нејзината незапирливот. Еден меѓу првите беше и оној од сестрата на нејзиниот поранешен партнер Игор Џамбазов, Тања која и напиша:
– Браво, Браво, Браво ! Се восхитувам , на твојата незапирливост, и се надевам дека ова ќе ти отвори нови врати. Најсилен гуш.
На што Илина и се заблагодари.
Илина, вчеравечер ја сподели убавата вест пред јавноста но, напомена дека е со болка во срцето за Македонија по 16.03, односно по големиот пожар кој се случи во градот Кочани, каде тагично настрадаа 59 млади животи.
фото: printscreen/instgaram/ilina_arsova