Миа Костова и нејзината најверна пријателка Тијана Скулиќ се незаменлив пар кој постојано е заедно, и кога се дома и кога патуваат надвор од границите.
Токму нивните заеднички моменти привлекуваат внимание, а неодамна Миа сподели еден интересен приватен момент што го сподели пред јавноста.

Имено, Тијана требало да монтира видео на кое работеле долго и вложиле многу труд и време. Но, наместо завршената верзија, на Инстаграм приказната на Миа се појави необична објава што откри што точно се случило.

Така, Миа напиша во описот: „Мораше да се извади со ваков ручек, затоа што ми избриша цело видео кое требаше да се монтира денес!“

Овој гест со вкусен ручек беше вистинската „платежна казна“ за Тијана, а сепак поради нивната блискост и љубов, повеќе од очигледно е дека Миа и прости, иако незгодата беше непријатна.

Токму овие мали моменти на внимание и разбирање, кои понекогаш изгледаат незначајни, се всушност многу поважни од обичното „извини“. Тие го покажуваат вистинското значење на пријателството – кога делата и гестовите зборуваат повеќе од зборовите.
Foto: print Screen/Instagram/miandrija







