Средина на зима, период со дебела снежна покривка на планините, идеален период и исто толку очекуван и привлечен за многумина. Ако едни се поголеми фанови на летото, морето и плажата, за други предничи зимата и одморот на планина, скијањето, бордањето.
Атрактивните пејачки Викторија Лоба и Аделина Тахири- Марков, години наназад покажуваат дека се страствени вљубенички на овој скап спорт и тоа не било каде, туку на едни од најексклузивните и најскапите скијачки одмаралишта во Швајцарија и Италија на еден од најголемите планински вериги во Европа – Алпите.
Мигови во природа, време кога секое дишење е медитација, а секој поглед е твој зен, најдобро го знаат како Лоба така и Аделина зашто секоја зима се редовни на терените со комплетна ски -опрема, подготвени за брз и бесен спуст.
View this post on Instagram
Во предност се со тоа што имаат и партнер кој ја негува истата страст, па дополнително се надополнуваат со адреналин под висок напон.
View this post on Instagram
Лоба и саканиот првин беа на Доломити или на најдоброто од Италија, за нешто подоцна уживањето и скијањето да го продолжат од другата страна, односно на швајцарскиот дел и тоа на познатото Сент Мориц.
На истото место беше и Аделина која не пропушти да ги сподели убавините, ама и вештините во скијање.
Бидејќи години наназад не пропуштаат да ја густираат зимата на планина, јасно е дека станале како професионални скијачки кои претендираат да станат славната Линдзи Вон.
View this post on Instagram
Можеби не стигнале до техничките дисциплини за натпревар во алпско скијање како велеслаломот и слаломот, ама од она што дефинитнвно можат да се пофалат е дека и двете се брзи и бесни на падините во спуст.
фото:instagram printscreen/victorialoba/ adelina_tahiri1