Радио Милева морничаво

Бритни „стана“ мајка, а лицето на „бебето“ го крие (фото) 

Бритни „стана“ мајка, а лицето на „бебето“ го крие (фото) 

Бритни Спирс уште еднаш успеа да шокира, но и длабоко да ја загрижи јавноста.

Поп-ѕвездата беше фотографирана од папараците на аеродром во Мексико во четвртокот, а сега на интернет се појавија фотографии кои предизвикаа ужас кај луѓето.

Бритни била во друштво на непознат маж, криејќи се од фотографите под качулка, додека во рацете носела „бебе“, односно кукла завиткана во ќебе, обидувајќи се да и го покрие и лицето.

Пејачката веќе покажа слична кукла пред неколку години во видео во кое се смее: „Имам бебе луѓе, станав мајка. Земам мала пауза од моето секојдневно снимање во домот!!! Нејзината соба е прекрасна, а се вика Бренан… дури личиме!!! Моето прво девојче!!!“, напиша таа во 2021 година и додаде: „Годинава наполнувам 40 години… годините се само бројка, но сериозно… „Растењето е најглупавата работа што можете да ја направите, затоа продолжете да играте, пријатели“.

 

фото:printscreen/instgaram/X

To top