Во новото издание на емисијата „Четири и пол жени“, гостин беше младата и атрактивна пејачка, Анѓела Игњатовиќ, попозната во јавноста како Бресквица.
Анѓела на самиот почеток на емисијата изјави дека нејзината музичка кариера започнала спонтано и дека воопшто не знаела дека ќе биде една од најпопуларните пејачки од помладата генерација.
– Кога ја снимив мојата прва песна во 2019 година, не очекував дека денес се ќе биде вака. Песната „Утопија“ што ја објавив тогаш е создадена додека се зезав со пријателите во студио, не ја работев премногу и одеднаш дојде до бум на Инстаграм и на мрежите, а после тоа почнавме малку посериозно да ја сфаќаме музиката – рече Анѓела, па откри која од нејзините песни и е омилена:
– Навистина ми е тешко да издвојам која песна ми е омилена. Секој има своја приказна, секоја е направена од посебна личност, па не можам да издвојам ниту една. Се случува да се пронајдам во дел од текст во песна, но не се врзувам за песните, не ги сфаќам премногу емотивно.
фото: printscreen/instgaram