Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица беше принудена да го откаже својот концерт во Будва поради висока температура.
Бресквица им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм и побара нивно разбирање.

„Луѓе, за жал поради мојата многу висока температура, вечервашниот настап ќе биде одложен. Наскоро ќе го објавам новиот датум. Ви благодарам за разбирањето“, напиша пејачката.

Да ве потсетиме дека Бресквица се прослави заедно со раперот Михајло Веруовиќ Војаж, а денес ужива во врска со извесен полицаец.
фото:Instagram printscreen/brrrreskvica







