Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст по борбата со опасната болест.
Легендарниот рокер пред три години размислувал за судниот ден.
Пријател на рокерот кој се дружи со него 30 години, актуелниот градоначалник на Чачак, Милун Тодоровиќ откри како изгледал моментот кога Бора го избирал местото каде засекогаш ќе почива.
View this post on Instagram
– Тој дојде кај мене пред три години и ме замоли да одам на гробиштата во Чачак. Сакаше да погледне каде ќе се одмори еден ден. Бевме само ние двајца, и тоа беше многу тажен момент за мене. Се надевав дека тој ден никогаш нема да дојде, но тој беше составен и од неколку места го избра ова лево до паркингот. Ми рече брат ми нека биде овде. Ми остави аманет да го погребам, пред се го сакаше Чачак. Денеска реков: „Брате мој, ќе биде како што рече“ – изјави Тодоровиќ за Гласот на Западна Србија.
Тој и денеска може да одлучи и ќе даде се од себе да му ја исполни последната желба на Бора.
– Следува процедурата, малку е комплицирана, но се ќе направам како што е кажано. Ништо не ми е тешко, најтешко ми е затоа што ги изгубив пријателот и брат ми кои ги познавав три децении – објасни вчера Тодоровиќ.
Да потсетиме, Бора во март минатата година одржа концерт во родниот Чачак, а на публиката и се обрати рецитирајќи ја неговата песна „Две гитари“ која на многумина им предизвика морници.
фото:Instagram printscreen/ _ribljacorba_