„Ех, во мое време се’ беше многу поинаку…!“ Колку пати сте ја слушнале оваа фраза која во исто време е и апсолутно точна и тотално погрешна, а еве и зошто?! Точно е дека секое време си носи свое време, свои убавини, навики, мода, музика, идоли, ѕвезди, места на собирање, технологија… Затоа и не може да биде исто вашето и нашето време, моето и твоето време, нашата и вашата генерација… Зашто секоја си има свое време и години кои и се најубави.
Е, арно ама, има некои работи кои се нарекуваат универзални вредности, па и во твое и во мое, и во наше и во ваше, а и во некое нивно идно време ќе важат… Како на пример, домашното воспитание, културата на однесување, почитувањето на вредности, следењето норми, поставените правила, системот на вистински вредности… Тогаш се’ функционира во секое време, кај секоја генерација.
Јазот на генерации постоел и ќе постои, ама универзалните вредности секогаш остануваат исти.
Но, дека денес баш и не е така, во една реченица сликовто објасни познатиот „картон уметник“ Кристијан Станковски, кого сите го знаат како Бомбакис! Во пет-шест збора ја објасни разликата помеѓу „онаа“ и „оваа“ генерација. Помеѓу некогашните деца и новите „клинци“. Погледнете и слушнете зашто ние, некогашните и вие – сегашните „копиљаци“ не сме исти! Ние сме од онаа, кога „лекот“ за плачење и лигавење без причина, беше „излегол од рајот“!
А, Вие…? Од која генерација сте, Вие?
View this post on Instagram
Фотои видео: Инстаграм/bombakis