Радио Милева за малку да го „окрка“...

Бомбакис контродикторен во своето излагање кога се жените во прашање: Право машко, пиво и женски хормони! (ВИДЕО)

Бомбакис контродикторен во своето излагање кога се жените во прашање: Право машко, пиво и женски хормони! (ВИДЕО)

Кристијан Станковски кого сите го знаат како Бомбакис, кој стана познат по својата оригиналнаидеја „мудрите мисли“ да ги испише на картон и јавно да ги покаже, истакне или сподели на социјалните мрежи.

За многу и важни и неважни работи и нешта, Бомбакис е тука да одговори на љубезната молба: „Бомба, дај кажи нешто“!

Овој пат тема беа жените. А инспирацијата пивото и новата песна на Антониа Гиговска… Или поточнио стиховите кои се пеат во неа.

Имено, Бомбакис поучен или замолен да ја потенцира поентата на текстот кој ја носи и самата порака на песната каков треба да биде односот на мажот кон жената, кажа што мислеше или што требаше да каже: „Право машко знае како треба да се сака една жена“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Дополнително појаснувајќи во постот покрај видеото: „Да ги почитуваме жените и обратно, не можеме едни без други“! И апсолутно е во право!

Арно ама, една друга кажана мисла само ден-два претходно, поентата за сакањето на жените ја стави под точка: „Дискутабилно“! Или во најмала рака – „Дискутабилно“!

Имено, Бомбакис ја искоментира содржината на пивото… И последиците од истата, а причината… да ти била жената! Или поточно, неговата  шеговита констатација беше на сметка на жените!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Сите мажи слатко се изнасмејаа, а и самиот кажа дека во прашање е само шега, арно ама…  Не мислеа сите така… Особено не – жените, па и по некој маж, а коментарите не му одеа баш во прилог на Бомбакис…

Колку и да биле и тие шеговити, во целата таа збрка, Бомбакис лесно може „да си го окрка“… Без дилема – од некоја налутена жена!

Затоа Бомба, друг пат подобро не кажувај ништо… дури ни на шега на женска сметка! Поуката од супата на жена ти, белким не  си ја заборавил?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Фото и видео: Инстаграм/bombakis

To top