Радио Милева алтернативна занимација

Бомбакис го стегна „зорт“, па го фати досада: „Кога ќе заборавиш да си го земеш телефонот со тебе во WC“! (ВИДЕО)

Бомбакис го стегна „зорт“, па го фати досада: „Кога ќе заборавиш да си го земеш телефонот со тебе во WC“! (ВИДЕО)

Кристијан Станковски кого сите го знаат како Бомбакис, кој стана познат по својата оригиналнаидеја „мудрите мисли“ да ги испише на картон и јавно да ги покаже, истакне или сподели на социјалните мрежи.

За многу и важни и неважни работи и нешта, Бомбакис е тука да одговори на љубезната молба: „Бомба, дај кажи нешто“!

Арно ама, овој пат не стигна ништо да каже… Немаше време за картон, а тоалетната хартија е премногу „софт“, премногу мека за пишување на неа!

Имено, Бомбакис најпрвин го стегна „зорт“, па отрча до тоалетот. Во природата на нуждата не навлегуваме, ама според времето поминато таму кај што и „царот оди пеш“, ќе да беше „зортот“ голем!

И додека Бомбакис проблемот го решаваше со невидена леснотија, му текна дека нешто заборавил. Не, ролната со тоалетна си беше на свое место и ја имаше во доволна количина, туку Бомба заборавил да си го понесе телефонот со тебе во тоалетот. А без мобилен- жива досада!

Да стане и отрча до соба, не беш баш во позиција, па за да не помисли случајно на нешто што не треба, Бомбакис мораше да си најде некоја алтернативна занимација.

А поголема од „женските дребулии“  таму кај што беше и не можеше да си најде и да сака. Влажните шамивчиња за вадење шминка со зголеман процент на прочистена вода, прочита Бомбакис, па веројатно се замисли, дали би можеле да се искористат и за поинаква намена?

Штипката за коса, секако не, а мирисот на женскиот парфем – може…

Ако не друго како неутрализатор на „ароматичната миризба“ која се јавува како нуспроизвод при актот на празнење.

Чорапата не е ракавица, ама сепак… Во крајна нужда може да биде алтернативно решение… ако снема тоалетна.

Чешелот не врши многу работа, освен ако не умееш да свириш на чешел.

А хигиенската влошка? Види, можеби некому да му се најде, на пример ако има мака со хемароиди?!

А римелот? Да не се разбереме погрешно, ама маскарата служи само за потенцирање на трепките. За да ти изгледаат поголеми… Ама само трепките!

И така, една по една, врти – сучи Бомбакис ги прочешла сите „женски дребулии“ во тоалетот, а времето некако му мина. И да… Не се заборавил „збавувајќи се со „играчките на жена му“…

Дупчето на тоалетната хартија не е во занес случајно дупнато со средниот прст. Туку наменски е направено… За да види дали некој  „го ѕиркал низ клучалка“?!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Фото: Инстаграм/bombakis

 

To top