Радио Милева дополнителна „стрелба“

Боки 13 најави и второ полувреме кај Лазаров: Првиот пат „ги отепа“, сега решил и да ги „погребе“! (ФОТО)

Боки 13 најави и второ полувреме кај Лазаров: Првиот пат „ги отепа“, сега решил и да ги „погребе“! (ФОТО)

Поткастот на  Стефан Лазаров во кој Бојан Јовановски алиас Боки 13 ја разобличи до коска сета валкана игра во случајот „Рекет“ вадејќи и го сиот „валкан веш“ на досегашната владеачка елита, доживеа енормен интерес, уривајќи ги сите рекорди на гледаност.

Сепак, некои работи останаа недоречени, недокажани, недообјаснети, продолжувајќи да опстојуваат под велот на мистеријата… За нештата да бидат уште појасни, а работите разглобени до крај, заради маркетинг интереси по огромната гледаност или заради двете како спој на убавото и корисното, Боки 13 и Лазаров решија да има реприза.

Имено, контроверзниот Бојан Јовановски  најави уште едно гостување во поткастот кај новата интеренет ѕвезда, Стефан Лазаров, во која реши „да го исплука“ и она што досега само го „подголтнуваше“… И тоа до крај!

„И официјално падна договор за втор дел на историски најгледаниот поткаст во Македонија! Во вториот дел @boki13official најавува уште побрутално интервју, нови докази и одговори на сите прашања кои не ги опфативме во првиот дел! 6-ти мај со почеток од 20:00 часот… Се гледаме!“ – обзнани Лазаров на својот Инстаграм профил, при тоа дискретно оградувајќи се од досега кажаното, а и она што допрва ќе треба да го каже гостинот.

Најавата за „второ полувреме“ многумина загрижи, посебно некои политичари во предизборието, бидејќи гостувањето е темпирано на самиот завршеток на кампањата, неколку часа пред да започне молкот, што значи ќе нема простор за возвраќање или деманти.
А Боки најавува дека има и тоа како што уште да каже, па ако првото полувреме  беше бомба, ова второво ќе биде атомска! Првиот пат „ги отепа“, сега решил и да ги „погребе“!

Ова Јовановски го најави уште пред Лазаров да обзанани дека Боки наскоро повторно ќе му гостува, така што колку да е новото гостување изненадување, толку е и очекувано, зашто „затвореникот на привремена пауза“ не можел подобар термин и да сака да одбере за да ја „исплука“ до крај вистината, а и заради „сопствена одмазда“.

Останува да слушнеме и видиме, кој уште и колку „ќе го ис*уши“, а кому  дополнително „ќе му чури од уши“, на 6-ти мај во поткастот кај Лазаров од втората јавна исповед на Боки 13-ка. И дали и колку „двете полувреиња“ ќе придонесат да има и „трето“ по смена на власта, во кое некој друг ќе собира материјали за „прикаски од зад решетки“?!

Фото: Инстаграм/boki13official

 

 

To top