Радио Милева истрагата е во тек

Бијонсе ограбена во Атланта: Крадците и го однесоа највредното

Бијонсе ограбена во Атланта: Крадците и го однесоа највредното

Необјавена музика и снимки од пејачката Бијонсе биле украдени од возилата на нејзините соработници за време на турнејата „Каубој Картер“, потврди локалната полиција во Атланта. Грабежот се случил помалку од 48 часа пред почетокот на серијата од четири концерти на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, пишува „Скај њуз“.

Според полицискиот извештај, крадците провалиле во изнајмен црн џип паркиран во гаражата на пазарот „Крог Стрит“ навечер.

Кореографот Кристофер Грант и танчерката Диандра Блу ѝ кажале на полицијата дека го напуштиле возилото околу 20:09 часот, а кога се вратиле, откриле дека прозорецот на багажникот бил скршен и дека недостасуваат два куфери.

Грант рекол дека куферите содржеле хард дискови со личен и доверлив материјал од Бијонсе, вклучувајќи необјавена музика, снимки од проби за настапи во Атланта и списоци со настапи за минати и идни концерти. Покрај музичкиот материјал, од возилото биле украдени и лични предмети – дизајнерска облека, очила за сонце, лаптопи и слушалки.

Полицијата го лоцираше сигналот од украдените слушалки преку апликацијата „Find My“ на телефонот на Apple, но точната локација не беше објавена. Истрагата е во тек, а полицијата сè уште не ги уапсила осомничените.

фото:Instagram printscreen/ beyonce

To top