Пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, не само што ја привлекува еден пол, туку истакнува дека „не и е гајле кој и што е некој“ ако и се допаѓа.
Сенидах неодамна зборуваше за својот приватен живот и ги откри своите желби за иднината.
„Дали би сакала жена и деца, маж и деца…? Ако даде Господ!“, одговори словенечката пејачка. „Јас сум среќна жена. Го работам тоа што го сакам, среќна сум секој ден кога станувам и се присеќавам дека се занимавам со музика, дека сум исполнета. Сè за што сонував се оствари, речиси се“, додаде тогаш таа за „Нешто поинаку“.
Инаку, една гледачка во емисијата ја праша Сенида дали има интимни односи со жени.
„Зошто на некому тоа му е важно ? Дали таа девојка ја гледаше претходната емисија каде што го кажав тоа? Што, можеби нешто се сменило од тогаш…? Знаеш како… Дај што ќе дадеш, брат! (се смее) Љубовта е љубов! Не ме интересира… Дај што ќе дадеш “, изјавила пејачката.
Да потсетиме, словенечката пејачка еднаш одговори на прашањето за нејзината сексуална ориентација: „Ги сакам луѓето. Не гледам ниту кој е ниту што е. Важно е само да е ок со мене и тоа е тоа. Сакам добри луѓе.“
фото: print Screen/instagram/senida_h