Радио Милева нешто ново

Би го јадела до крајот на животот: Многумина не го ни пробале, а ова јадење и е омилено на Викторија Лоба (фото) 

Би го јадела до крајот на животот: Многумина не го ни пробале, а ова јадење и е омилено на Викторија Лоба  (фото) 

Македонската пејачка и инфлуенсерка со руско потекло, Викторија Лоба, одлучи да открие нешто од нејзината приватност.

Таа се отвори пред следбениците на Инстаграм и реши да одговари на нивните прашања низ муабет.

Јавноста секогаш е љубопитна за ваквиот тип на комуникација, па нејзиното виртуелно сандаче веројатно се наполнило со пораки. Таа одлучи да открие и да сподели едно од нив, за нешто што  досега обожавателите не го знаеле.

Лоба откри еден детаљ од нејзиниот живот кој не и е познат на јавноста, веројатно освен на најблиските, па го сподели на кратката приказна на споменатата социјална мрежа.

Па така, откривме нешто повеќе за неа како тоа кое е нејзиното омилено јадење што би го јадела до крајот на животот.

– Ако треба да јадеш само едно јадење до крајот на животот – кое би било тоа? – ја праша нејзиниот обожавател.

– Такос од ракчиња со крема од авокадо – јасна беше таа.

Лоба откри дека е љубител на Мексиканската кујна, и сите што сакаат да пробаат нешто ново што досега не го пробале им даде одлична идеја.

Во македонската кујна нема такоси, па затоа кој досега не пробал може да се  почести со ваков оброк кој и е омилен на пејачката.

фото: printscreen/instgaram/victorialoba

To top