Вчера започна снимањето на новата сезона на музичката талент шоу програма „Ѕвездите на Гранд“.
Водителско дуо ќе биде Ана Севиќ и Милан Митровиќ, а во еден момент на сцената се појави и водителката Сања Кужет.
Имено, Кужет моментално е на породилно отсуство, а сега дојде да ги поддржи колегите.
Кужет беше видно расположена и насмеана, без трошка шминка во тренерка, обична маица и патики, па позираше со Војо Недељковиќ и Ана Севиќ.
Ова е и прв пат Кужет да се појави во јавноста по раѓањето на синот.
фото: print Screen/Instagram/zvezdegranda