ТВ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат во популарното шоу за готвење, кое таа со задоволство го води.
Шармантната Сања е од дамите кои немаат проблем да гo откријат бројот на годините, ама ниту да ги камуфлираат брчките кои се природни со животниот циклус, особено оние од смеење околу усните, па и оние кои дошле со годините.
Живееме во време кога корекциите и неприфакањето на стареењето станаа „нормални“, па повеќето регуларната слика од појавата ја гледаат токму во естетските корекции, вакви или онакви.
Сања е комплетна спротивност на тоа.
Таа во месец јуни ќе полни 45 години, а нема никаква намера ниту да активира филтри од модерните апликации за да покаже некој козметички производ за лице кој го рекламира, а ниту да го прикрие лицето со коректори пред рефлексијата на одразот во огледалото.
Насмена, ведра, секогаш позитивна со насмевка која е најувавиот аксесоар што може да го носи една жена, а кога истата е рака под рака со самодоверба, тогаш е време да се блеска!
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska