Вчера како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша го пријавила својот законски сопруг за семејно насилство. После се’ зборуваше и Душко Тошиќ.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, Душко при пристигнувањето во семејната вила на Дедиња имал 0,8 промили алкохол во крвта, а при влегувањето во домот го нападнал пријателот на Јелена.
Карлеуша се обидела да ги раздели, но Душко ја повлекол Јелена за коса и ја удрил неколку пати по главата и телото.
Јелена побарала приватност од медиумите и не зборувала за инцидентот, како и Душко, но нивниот сосед за Курир.рс открил што се случило.
– Ме разбуди викање и врескање и плачење од Јелена. Овде е отворен простор, се’ се слуша. Викањето се слушаше низ целата улица, беше страшно.
Рекла: Пушти го, пијан си, ќе го убиеш! Таа повика и помош. Кучињата нервозно лаеја. Морничаво. Душко пцуеше, Јелена низ солзи рече да ги остави на мир и да излезе надвор. По некое време дојде полиција, дојдоа релативно брзо.
Во куќата останаа некое време. Јелена плачеше, се тресеше… Очигледно беше дека доживеала силен шок.
Имаше и едно високо младо момче. И тој делуваше збунето, па и тој си замина, а Јелена се врати во куќата. Се повеќе има семејно насилство. Страшно – кажала една сосетка која замолила да не ја откриваат бидејќи не сака проблеми во соседството.
фото:Printskreen You Tube/ LICA UBICA/ Tekstomanija