Радио Милева засекогаш поврзани

Бен Афлек го прослави роденденот со децата и поранешната сопруга Џенифер Гарнер (видео)

Бен Афлек го прослави роденденот со децата и поранешната сопруга Џенифер Гарнер (видео)

Бен Афлек отсекогаш бил во добри односи со поранешната сопруга, па дури заедно го поминаа и неговиот роденден.

Актерот реши да прослави со семејството, па прекрасниот ден го помина со поранешната сопруга Џенифер Гарнер со која има и деца. Овој поранешен пар остана во пријателски односи и често се гледаат по разводот. Инаку, тие беа во брак од 2005 до 2018 година.

Интересно е што за тоа време латино дивата Џеј Ло објави свои фотографии од роденденската прослава во Хемптонс на која не беше Афлек. Таа на социјалните мрежи не му го честитала роденденот на актерот.

Да потсетиме, веќе некое време се шпекулира за развод на славната двојка. Нивната заедничка вила е ставена на продажба, одамна не ги носеле бурмите, а на сите настани се појавуваат одделно.

фото:Instagram printscreen/ ben___aflek

To top