Викторија и Дејвид Бекам сакаат да летува скромно, далеку од гламурот и вревата, а не е тајна и дека се големи љубители на природата, па затоа често го избираат кампувањето како опција за одмор.
Тие самите пред неколку години објавија дека летуваат во Црна Гора, односно на Свети Стефан, што предизвика големо внимание во јавноста.
Бекамови сè почесто го избираат Јадранот како место за одмор и регенерација, подготвувајќи се за новите работни предизвици. Така во 2023 година летуваа во Хрватска, додека претходните години уживаа во Црна Гора, поточно на магичниот остров Свети Стефан.
View this post on Instagram
Менаџментот на луксузниот ресорт на Свети Стефан внимателно избрал специјално обучен персонал кој се грижел за сите потреби на Бекамови, за нивниот престој да биде што попријатен. Нивните два луксузни апартмани биле подготвени со посебно внимание, со максимално почитување на приватноста.
Една од собарките која била задолжена да се грижи за апартманите на Бекамови изјавила дека сите членови на персоналот добиле упатства да влегуваат во пространите апартмани во одредено време.
View this post on Instagram
„Бараа да ги оставиме мобилните телефони настрана за да се обезбеди целосна дискреција. Дискрецијата беше императив. При посетата на ресторанот на Свети Стефан инсистираа на строга забрана за фотографирање. Тие однапред ја изразија својата желба, нагласувајќи дека би сакале да уживаат во храната и приватноста без помпа и пречење“, изјавила собарката.
View this post on Instagram
За жал, таа желба не била во целост испочитувана, бидејќи подоцна на многу портали се појавија нивни фотографии од брегот, што предизвика незадоволство кај парот, пишува „Story.hr“.
фото:Instagram printscreen/ davidbeckham