Пејачот Аца Лукас еднаш се отвори за својата зависност од коцкање, но и за помалку познати детали од неговиот живот.
Било кој друг, кога би бил на негово место, би рекол дека жали што изгубил милиони на коцка, но Аца стои зад своите постапки и пороци, па во исповед изјавил дека ако повторно се родил, се ќе прави исто.
Не крие дека користел опијати, посетувал бордели, но и дека изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање.
View this post on Instagram
– Има еден сајт кој направи студии за тоа колку ВИП личностите на Балканот потрошиле за коцкање, па и јас бев вклучен таму. Таму пишува дека има извесен Аца Лукас од Србија, голема ѕвезда. Пишува дека сум потрошил 70 милиони долари на коцкање. Морам да признаам дека за малку ќе го погодат, јас сум малку повеќе. Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убив, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, а и не би можел така, но еве ме, тука сум, жив сум – рече Аца на почетокот и објасни дека еднаш изброил колку тој изгубил на коцка и дека тоа е сумата за која можел да купи белградска населба:
– Некои ми велат дека си го прокоцкал станот во Белград. Човеку, си мислам пријателе, колку сум среќен што сум прокоцкал само стан. Прокоцкав цела населба во Белград. Една дебела населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш, јас сум. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се’ што треба – рече тој и продолжи:
View this post on Instagram
– Мажите секогаш треба да бидат галантни. Јас не сум фраер, јас сум ништо. Лошо сум граден, смешно граден. Но, жените ме сакаат затоа што сум галантен и затоа што многу ги ценам и почитувам жените. Има и такви кои не се почитуваат и влегувам во клинч со нив, но генерално ги сакам и почитувам.
На прашањето дали на патувањата посетувал бордели, пејачот одговорил потврдно.
– Посетував, посетувам и ќе посетувам бордели. Не реков дека отидов да користам услуги и дека одев кај жени. Има јавни куќи кои имаат добри барови и пабови. Имам пријатели кои чуваат бордели, често одам таму. Немам потреба да плаќам за такви услуги. Не морав кога бев помлад, а не морам сега. Има многу тенка граница помеѓу машката галантност кон жените и плаќањето за проституција. За малку ќе се скарав. Ако синоќа имав секс со девојка, а утре видов убави чевли и сакав да и купам, испаѓа дека сум платил за сè – рекол еднаш Лукас.
фото:instagram printscreen/ aleksandar_vuksanovic_official