Александра Тадиќ Ципка (30), познатата српска пејачка, минатата година остана без својот сопруг Небојша кој ненадејно почина како последица на срцев удар.

Во меѓувреме, Ципка се врати на естрадата и своите секојдневни обврски, па покрај тоа што не може да го прежали, продолжува со настапите, кои покрај егзистенцијата ѝ обезбедуваат засолниште од тагата.

Но, душата бара и оддишка, па слободното време го користи за релаксација.

Ципка е позната како една од најатрактивните поп-пејачки, а тоа уште еднаш го докажа објавувајќи како се разладува во модерни златни бикини.
View this post on Instagram
Споделеното видео од базенот ќе ви го разубави денот, како што таа себе си си го разубави најпрвин додека пејачката уживаше под сенка, а потоа на сонцето и пливаше качена на белиот гумен лебед.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/aleksandracipka




