Музичко – брачната двојка Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ или попознати како „Силви бенд“ гостуваа во најновото издание на емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков.
А она на што Силви искрено одговори пред камери ги остави сите изненадени.
Таа се отвори на прашањето кое јавно и го постави Влатко Плевнеш , а кое водителката претходно го подготвила, за лично тој да ја праша, додека пак Снеже внимателно ги слушаше.
Сепак, вистината која сега му ја откри Силви го насмеа нејзиниот сопруг, но му остави и простор за размислување…
– Дали некогаш посакуваш да можам да ти ги прочитам твоите мисли и кога?
– Да, секогаш посакувам. Бидејќи апсолутно никогаш не ги читаш! – сериозно му одговори Силви, додека во позадина веќе одекнуваше грамогласна смеа.
View this post on Instagram
Под краткиот видео клип кој беше споделен на социјалната мрежа Инстаграм на профилот на „Нешто Конкретно“ во описот пишуваше дека и после 31 година брак Влатко не успеал да го научи ова.
Дали навистина е тоа така не е ни важно, важно е дека тие долго се заедно и тоа е она што ги исполнува.
Фото: printskrin/instagram/nestokonkretno1