Поминаа единаесет месеци откако популарната пејачка Антониа Гиговска стана мајка, но моментите со наследникот многу ретко ги споделува со публиката, речиси воопшто, но затоа нејзините профили на социјалните мрежи се полни со објави од настапите низ земјава.
Таа не само што реши млада да го продолжи поколението, туку и секојдневно покажува дека и тоа како ужива во благословот од Бога.
Уште штом ќе ги отвори очите најтоплата прегратка ја добива токму од бебето Киан за кое има време преку ден, особено деновите пред викенд додека не тргне на настап заедно со сопругот Роберт кој свири и го менаџира бендот.
Антониа за разика од мајките кои почесто сакаат да објавуваат фотографии со своите малечки, за неа тоа не е случај, туку ретка глетка од социјалните мрежи, па дури и кога се случува, тоа е делумно што досега сме видела само ноџиња, рачиња, грпче, но не и тоа колку нарасна Киан.
Сепак, понекогаш сака да зборува и да го покаже Киан кој во јули на 14-ти ќе полни една година, но се уште не решила да го покаже неговото лиценце за кое со јавноста сподели дека личи на тато Роберт и дека е кротко бебенце.
Овој пат среќните млади родители дојдоа пред нова фаза од растењето на синчето. Киан на половина месец пред да наполни една година веќе ги пушти првите чекочиња.
Тато Роберт беше тој кој гордо сподели дека неговиот јунак дури и забрзано е тргнат во спознавање на околината, секако со рака помош од тато.
Лесни чекорчиња Киан, а за мама и тато енергија плус!
фото:Instagram printscreen/ jokerdam93