Радио Милева типично сезонско

Антониа Гиговска веќе три дена е на мака: „Добро утро од мене и отоциве…“

Антониа Гиговска веќе три дена е на мака: „Добро утро од мене и отоциве…“

Нашта актуелна музичка „специјалиста“ Антониа Гиговска како по некое непишано правило со крајот на летото и почетокот на есента, лесно се разболува.

Па така, ако минатата година веднаш по настапот на „Пастрмајлијада“ легна во кревет и заврши со инфузија, слично е и оваа сезона, дури и нешто порано од лани.

-Добро утро од мене и отоциве. П.с веќе три дека како сум страшно многу настината и ужасно ме боли глава. Пишува Гиговска во последната објава каде им посака добро утро на своите следбеници покажувајќи дека денот не е почнат со убаво, а така е веќе три дена наназад.

Очигледно на младата ѕвезда и треба поголемо имунолошко „бустање“, па овие сезонски настинки да бидат заобиколени. Посакуваме овој пат да и  мине како што велат „како кај маче“.

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top