Радио Милева „Пссст“

Антониа Гиговска му стави забрана на пријателот Спасе Рола, па тој се пожали: „Не ми дава да ви кажам“ (фото)

Антониа Гиговска му стави забрана на пријателот Спасе Рола, па тој се пожали: „Не ми дава да ви кажам“ (фото)

Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ оддамна е пријател со македонската пејачка Антониа Гиговска и ја нарекува „жолто пиле“ .

Тие не ретко се дружат, а за тоа редовно покажуваат на социјалните мрежи, особено Инстаграм „стори“ и Тик- Ток.

Така беше и овој пат…

Антониа неодамна најави дека наскоро треба да излезе нејзиниот најнов албум, за што е особено возбудена, а пак пријателот Спасе,  „пука“ од нетрпение да каже колку добри песни ќе промовира неговото „жуто пиле“.

Веројатно знаејќи го со каков ниет е, Антониа му даде јасно со знаење дека има забрана да открива било што предвреме, а тој пак се пожали јавно, ако не друго, барем тоа:

-Опасни песни ви спрема ова мое жуто пиле. Имам свој фаворит од албумот, ама не ми дава да ви кажам ни како се вика … А ќе ви залепи од прва!

Откако пријателот ја начна темата, која наедно е и главна преокупација за пејачката периодов, Тониа пушти срце да сподели еден детаљ односно дека на албумот веројатно ќе се најде дуетска песна, па во прилог на новите фотографии од фотосесијата прaша:

-Каде гостувам во песна и со кој мк артист? Ве чекам во коментари со таг. Што мислите?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Коментарите очекувано почнаа да се редат, од такави во кои ја пофалија за стајлингот, до оние каде нагодуваат дека дуетот можеби е со „2 Бона“… Но, затоа потоа, останува да почекаме за да видиме и слушнеме со што тоа ново ќе ја освојува публиката Антониа Гиговска.

 

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top