Антониа Гиговска добро ја научила лекцијата дека да се биде актуелен, баран, коментиран, потребно е постојано да се биде активен не само на музички план и кога има нови песни за промоција, туку постојан и од она што се вика приватност и секојдневие.
Па така, Тониа како што сака да биде нејзиното уметничко име, не оства простор за пауза.
Инстаграм профилот редовно е полн со разни објави, а последно беше досетлива да направи превизвик од кој ќе биде интересна, а го прозва тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Инспирација за ова најде во фотосесијата која ја направи на едно тениско игралиште каде стајлингот можеби и не соодвествуваше за тениски меч, но рекетот беше во нејзините раце, а негостигаше противникот. Мислеше и смисли…. Кој друг ако не Ноле!
View this post on Instagram
Реакција веројатно и не очекуваше дека ќе добие, но барем актакцијата од предизвикот беше успешна кај нејзините фанови и следбеници кои посакаа да се најдат од другата страна на мрежата.
-Јас сум спремна, напиша и на кусите приказни, а преку симболи означи дека е силна, ама и дека и сама си се изнасмеа на прозивката.
Ноле не се јави, ама ако успее да победи со било кој друг вака качена на високи потпетици, тогаш сигурно заслужува пофалба.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ djokernole