Приватноста на познатите отсекогаш била интерес на пошироката јавност, а особено тоа што им се случува на љубовно поле, семејни односи, поколение, а секако и тоа како изгледаат кога не се професионално ангажирани.
Познатата битолчанка, пејачката Анета Љумаковска изминатиот период и тоа како е во фокусот на јавноста, што за разводот и крајот на бракот, што за промената на музичките соработници, а најмногу за промените на имиџот.

Анета во една прилика кажа дека не ги чита коментарите за себе кои осамнуваат на социјалните мрежи, зашто не е индиферентна и од камен, па си ги лепи на душа оние негативните.
Ама затоа за да стави се’ ново што направила на себе, воопшто нема проблем.
Овој пат за промена, наместо од настап или поза пред огледало скоцкана за нова дружба со публиката, Ането сподели една опуштена варијанта од парк, идеалното место за бркање на негатива.

Мирис на пролет за убаво на душа и лежерна младешка спортско -елегантна варијанта за опуштена дневна прошетка.
Анета растера мисли, а собра нова енергија од природата околу себе која очигледно и годеше.
Инспирацијата за дневен изглед и беше комплетно црно, ама во склад со расцуетената и бујна вегетација, контрастот излезе совршен.
фото:Instagram printskreen/anetaljumakovska2701







