Освежена, разубавена, подновена, ослабена… се само мал ден од коментарите кои во форма на комплименти редовно ги добива познатата фолк пејачка Анета Љумаковска екс Мицевска или најпозната како Анета „Молика“.
За Ането промените станаа секојдневие на кои нималку не им се плаши, и тоа за комплетниот визуелен израз.
View this post on Instagram
Така лесно адаптибилна кон новото, постојано тежнее кон актуелен тренди стилски израз, ама деновиве реши да се врати на она старото – провереното.
Имено, Анета повторно ја осветли косата, а за тоа повторно му се врати на проверениот соработник – стилистот Алек Палада кој е особено познат и баран меѓу битолчанки, а таа сака се’ она што е „ин“ кај останатите припаднички на понежниот пол.
Анета бидејќи веќе знае што да очекекува, без да прави експерименти, му ја препушти довербата токму нему, а за истото се пофали на Инстгарам позирајќи заедно со стилистот, а фотографиите ги наслови како „Обединување“.
Како ви се допаѓа освежувањто?
фото: Instagram printscreen/ alekpalladaand anetaljumakovska2701