Миа Костова и нејзината најверна пријателка Тијана Скулиќ се неразделни. Речиси постојано се заедно и кога се дома и кога се надвор од Македонија, а летово дома не се свртеа. Патувања, авантури, надвор од земјава, Малдиви, Италија, најчесто на море… каде по дваесет и кусур дена престој, се’ уште и се. Овој пат во камп.
Заедно со нив и синот на Миа, „малиот“ Андрија, кој изгледа многу повозрасен иако таму го прослави само 13-от роденден. Мајка Миа не пропушти емотивно да му го честита, па како што обично бива, радоста да ја сподели и со јавноста.
Животот продолжува да тече како и нивниот одмор, па другиот ден вооичаената морска шема: плажа, сонце, море… И се разбира, по некоја водена лудорија. Додека мама Миа останала под сенка, пријателката Тијана испружена на сончевите зраци, продолжи да го минува убавиот сончев ден фаќајќи тен.
Ама кога сонцето толку многу ќе зажешти, логично е по долгото „пржење“ да посакаш малку ладење. Морето е на дофат, а за да не ти биде здодевно тука е детето.
Прво Андрија влезе да ја проба водата… Потоа, преку рамо ја префрли и Тијана и тоа сосе неиспиена пијачка и правец во морето за да си направат малку водена забава во плиткото.
Најпрвин мал тест на издржливост кој може повеќе да издржи под вода… Откако ваквата забава некому му здодеа и не можеше да се помири со тоа дека другиот повеќе може да издржи под вода, следуваше општа борба.
Андрија ја грабна Тијана одзади, па реши да ја потопи! Ни вресоците и пискотниците не и помогнаа, против своја волја да не биде нурната под вода… Еднаш, па и уште еднаш…!
Мама Миа седела и смешкајќи се од брегот, „дешавката“ мирно ја снимала. А, Тијана…? Од тој ден на плажа оди исклучиво сама.
А и кога не е, поучена од „обидот за давење“ сега и на суво седи со маска за нуркање! Што е сигурно – сигурно! За секој случај, па ти како сакаш сфати ја, зашто не знаеш од која страна може да се припојави Андрија! Вака… и да се удавиш, колку можеш ќе се спасиш!
Фото и видео: Инстаграм/miandrija/tijanaskulicc